На средбата се дискутираше за полето на работа на СЕГА во областа на младинско учество и младинско информирање, како и презентација на реализираните проекти и проектите кои се во тек. Воедно се разменија искуства помеѓу трите организации во полето на младинската работа и се разговараше за идни заеднички активности и проекти во насока на зајакнување на соработката.
Во рамките на воспоставената соработка од утре до недела ќе се реализира обука за обучувачи „Првиот чекор да станам младински работник“ во Струга, на која ќе се обучат 14 младински работници од Македонија и ќе се оспособат за мултиплицирање на модулот на други младински работници.
Коалиција СЕГА има долгогодишна соработка со организации од регионот Долна Нормандија – Франција и реализација на неколку досегашни успешни проекти.
Активностите се реализираат во рамките на Проектот за децентрализирана соработка помеѓу Регионот на Долна Нормандија – Франција и Република Македонија.