Денот на Европа се користи како добра можност за да се организираат активности и свечености што уште повеќе ќе ја приближат Европа до граѓаните на контитнетот и кои ќе придонесат за дополнително меѓусебно приближување на народите во Унијата.
На 10 мај, (вторник) со почеток од 20.00 до 21.30 часот во просториите на кафе барот Арт Кафе, Младинскиот Информативен центар ИНФО СЕГА Прилеп, во рамките на активноста “Language cafe” симболично ќе го одбележи Европскиот ден со работилница и квиз „Ајде да учиме за Европа!“.
Целта на овој настан е младите да се запознаат со терминот Европска Унија, институциите и телата кои раководат со Европа и спроведуваат младински политики ширум Европа. Исто така ќе научат повеќе за симболите на ЕУ химната, знамето и валутата. Преку оваа работилница ќе се опфатат 20 – 30 млади, ученици од средните и основните општински учлилишта во Прилеп и ќе бидат дел од оваа активност.
Ги повикуваме сите заинтересирани млади да бидат дел од оваа активност и заедно да го прославиме Евроскиот ден.