Eurodesk е меѓународна непрофитна организација, создадена во 1990 година како медиум за програмата Еразмус + (2014-2020). Eurodesk e сеопфатен и достапен извор на младинско информирање за интернационални можности за мобилност и учење.

 

ИНФО СЕГА е избран за EURODESK информативен центар за 2016 година од страна на Националната агенција за образовни програми и мобилност.  Преку оваа услуга ИНФО СЕГА ќе се потруди да ги направи подостапни информациите за младите со цел зголемување на мобилноста на младите во Македонија и користење на ЕУ програмите за волонтирање и учење.

Денес, постои мрежа од 1.200 професионалци кои работат со Eurodesk во 34 земји со цел да се  подигне свеста кај младите за можностите заучење и мобилност и да ги поттикне да станат активни граѓани. Како подршка на Програмата Еразмус+, Eurodesk ги прави информациите за мобилност и учење сеопфатни и на располагање на младите луѓе и младите професионалци.

Leave a comment