На 04 декември 2015 година, во просториите на Младинскиот културен центар во Скопје, се одржа Саем за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје. На овој саем учество зедоа голем број здруженија на граѓани од цела Македонија кои на посебни штандови ги претставија своите проекти, планови и активности и имаа можност да учествуваат на многубројни работилници на различни теми.

 

Преставниците на Коалиција СЕГА и ИНФО СЕГА, на штанд ги презентираа тековните проекти, активности и публикации и преку наградна игра собираа идеи за креативни активности со млади кои ќе се спроведат во иднина. Овој  настан придонесе преставниците на здруженијата да се запознаат меѓу себе и да започнат соработка во идни проекти. Штандот беше посетен од голем број на млади и претставници на здруженија и им беше поделен промотивен материјал.

 

 

Саемот за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје беше организиран како дел од активностите за одбележување на 5-ти декември, Меѓународниот ден на волонтерството, истиот беше организиран од здружението на граѓани „Волонтерски центар Скопје", а финансиски поддржан од Град Скопје.

Leave a comment