На 19 ноември 2015 година, по повод Интернационалниот ден на толеранцијата (16 ноември) беше одржана едукативна работилница со ученици од седмо одделение на тема „Предрасуди, стереотипи, дискриминација и толеранција”.

 

Оваа работилница имаше за цел да ги запознае учениците со термините стереотипи, предрасуди и дискриминација, да препознаат кога и како некој ги дискриминирал, за факторите кои влијаат  и на крај се разговараше за толеранција. Преку метод на играње улоги учениците  имаа можност да се запознаат со една приказна како пример за дискриминација.Оваа работилиница беше успешна и наиде на голем интерес од страна на учениците.

 ИНФО СЕГА се заблагодарува на успешната соработка  со ОУ Климент Охридски и во иднина ќе продолжи со спроведување на работилници од ваков вид по основните училишта.  

Leave a comment