Целта на оваа панел дискусија беше да се подигне свеста кај граѓаните а посебно кај младите за важноста од водење грижа за сопственото здравје преку здрави животни навики. На оваа панел дискусија др. Слаџана Велков на присутните им ги презентираше предностите од здравата исхрана, и здравите животни навики. Дополнително, посебен акцент од нејзината презентација беше посветен на генетски модифицираната храна (ГМО) како и предностите од органското производство. Присутните имаа можност да дискутираат на темата и да добијат совети за подобрување на нивното здравје.
Асоцијацијата на Агенции за Локална Демократија (АЛДА) го спроведува проектот COHEIRS во партнерство со 12 организации од Европа со средства од програмата Citizen for Europe на Советот на Европа. Во Македонија Коалиција на младински организации СЕГА ги спроведува проектните активности како партнер на проектот.