Коалицијата на младински организации СЕГА како дел од проектот COHEIRS „Граѓански набљудувачи за здравство и животна средина: Иницијатива за одговорност и одржливост",(“Civic Observers for Health and Environment: Initiative for Responsibility and Sustainability”) во Свети Николе и Прилеп започна со панел дискусиите „Влијанието на Генетски Модифицираната храна врз младите".

 

Целта на овие панел дискусии е јавноста подетално да се запознае со генетски модифицирана храна (ГМО), потоа да ги појасни поимите поврзани со ГМО, легислативата во Европската унија и Македонија поврзана со ГМО, контролата на истата храна како и евентуалните ризици и последици кои може да ги има врз здравјето на луѓето од користењето на генетски модифицираната храна.

 

       На трибината во Свети Николе свои излагања и видувања имаа проф. д-р Зоран Поповски, раководител на катедрата за биохемија и генетско инженерство при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје и д-р. Слаџана Велков. Додека на трибината во Прилеп, свои излагања и видувања имаа   Татјана Тасевска – Инжинер технолог, Ружица Јагуриноска - Инжинер агроном, Мартин Јошески - Доктор по ветеринарна медицина.

 

 

Асоцијацијата на Агенции за Локална Демократија (АЛДА) го спроведува проектот COHEIRS во партнерство со 12 организации од Европа со средства од програмата Citizen for Europe на Советот на Европа. Во Македонија Коалиција на младински организации СЕГА ги спроведува проектните активности како партнер на проектот.

Leave a comment