Во првото полугодие ќе се одржат 20 едукации во сите средни општински училишта на темите: „Заштита на личните податоци на интернет, со посебен осврт на заштита на личните податоци на социјалните мрежи“ и „Совети за полесно совладување на материјалот за учење“. Овие едукации се дел од програмските активности на Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА.
Целта на овие едукации е средношколците подетално да се запознаат и да се информираат со кои проблеми можат да се соочат доколку не внимаваат со кого ги споделуваат нивните лични податоци и фотографии на социјалните мрежи, начини како да ги заштитат нивите лични податоци и да слушнат совети како полесно да го совладуваат материјалот за учење. Едукациите се од интерактивен карактер со доста интересни информации и факти за темите.
ИНФО СЕГА ќе продолжи со ваквите активности и во второто полугодие од учебната 2013/2014 година во средните општински училишта во Прилеп.