Овој проект ќе придонесе кон поголема самоувереност на учесниците за активно учество во Европскиот демократски живот и создавање на чувство на припадност во ЕУ.
Во рамките на овој проект беше организиран тренинг за тренери во Брисел, Белгија во периодот од 17 до 21 Јуни 2013 година.
Целта на овој интернационален тренинг за тренери е да ги развие вештините на граѓанските набљудувачи со цел да делуваат како промотери за животна средина и здравје. Тренингот беше фокусиран на специфичните инструменти и можности, граѓаните да земат активно учество во процесот на донесување на одлуки во полето на животната средина и здравјето, со тоа што ќе промовираат превентивни одлуки кои што треба да се преземат во случај на ризик.
Овој тренинг придонесе кон развивање на различни вештини: собирање, селектирање и споделување на информации, интеркултурна компетенција, презентирање на релевантни информации и идеи со другите учесници, мотивирање, планирање и спроведување на мултиплицирачки проекти.
Мултипликаторите ќе имаат можност да работат како активатори на “граѓанските набљудувачки групи“ и да ги поддржат и водат нивните активности.