09 мај, денот на Европа е историски ден кој стана вистински европски симбол кој заедно со знамето, химната, мотото и единствената валута еврото, ја идентификуваат Европската Унија. На овој ден во 1950 година Роберт Шуман го презентираше предлогот за создавање на обединета Европа, како опција за одржување на мирот со војните на разурнатиот и поделен континент. 

 

 

 

На 9 мај, во периодот од 11.00 до 14.00 часот ИНФО СЕГА и Младински Совет Прилеп одржаа ИНФО ДЕН во знакот на Денот на Европа, со поставени штандови на 3 инфо точки низ центарот на Прилеп. Локалното население имаше можност преку промотивен материјал да се информира за значењето на 9 мај, Денот на Европа, за проширувањето и значењето на ЕУ и за наредните активности од проектот „Ајде да ја славиме Европа“ и за музичкиот настан.

И Градоначалникот на општина Прилеп, г-дин Марјан Ристески, ги посети штандовите на ИНФО СЕГА и Младински Совет Прилеп и испрати честитки по повод Денот на Европа.

Во текот на месец мај ИНФО СЕГА и Младински Совет Прилеп ќе организираат серија на активности во чест на Денот на Европа кои се во рамките на проектот „Ајде да ја славиме Европа“ поддржан од ЕУ Инфо центарот во Скопје.

Проектот има за цел да ја подигне свеста и да се промовира европската култура и вредности кај младите.

 

Следете го Пулс радио (www.pulseradio.mk) за повеќе детали за проектот.

Leave a comment