Во периодот од 11-15 март 2013 година, Младински Совет Прилеп и Коалиција СЕГА ја одржаа петдневната Обука за стекнување на вештини за вработување како дел на проектот на УСАИД, “Младинска мрежа за стекнување на вештини за вработување (YES – Youth Employability Skills Networks)”. 

 

Обуката опфати 20 млади лица на возраст од 18 – 27 години; кои не се во образовен процес; невработени и непријавени во Агенцијата за вработување.

Обуката беше бесплатна за сите учесници. Сите учесници кои ја посетија оваа обука добијаа сертификат за учество.

 

Програмата вклучуваше 8 модули:Воведен модул; Личен развој; Соодветно однесување на работното место; Комуникациски вештини; Тимска работа и лидерство;Вештини за барање работа; Безбедност, права и одговорности на работното место; Финансиски вештини.

Leave a comment