На 02 Март 2013 година во центарот на Прилеп тимот на Младински совет - Прилеп одржа ИНФо ден кој имаше за цел да ги информира младите за обуката за стекнување на вештини за вработување и за посебните услови за пријавување. На настанот беа поделени флаери и залепени постери низ центарот на градот.
Младински совет - Прилеп ќе одржи уште еден Инфо ден во текот на оваа недела и ќе ги информира младите за да се пријавуваат и да бидат дел од овој проект.