Целта на оваа работилница беше да се зајакне тимскиот дух и соработката на тимот на Инфо СЕГА и волонтерите, како и да се подобрат комуникациските вештини и вештините за промоција на волонтерите, што ќе придонесе кон поголем публицитет на Инфо центарот и привлекување на повеќе млади луѓе да го посетат нашиот Центар.
ИНФО СЕГА ќе продолжи да одржува работилници на интересни и актуелни теми, со што ќе овозможи поголема вклученост на младите од Прилеп.