Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА организира музички хепенинг ИНФО СЕГА + во центарот на Прилеп

На 11.05.2011, во сабота, на летната сцена на плоштадот Александрија во центарот на Прилеп  ќе  се одржи Музички хепенинг ИНФО СЕГА + со почеток во 11.00 часот. Целта на овој настан е промовирање на новата услуга на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА, а тоа е ИНФО СЕГА + МЛАДИНСКА КАРТИЧКА СО ПОПУСТИ!!!!

 

На музичкиот хепенинг ќе настапуваат ученици од сите основни училишта од општина Прилеп кои ќе ни се претстават со разни музички точки.

По повод овој настан ги повикуваме сите млади кои преку музика, забава и дружење ќе се запознаат со нас и со новата дополнителна услуга на ИНФО СЕГА. 

Со ИНФО СЕГА + Младинската картичка со попусти, младите од општина Прилеп ќе можат да ги уживаат попустите во повеќе сектори за кои мислевме дека се интересни и атрактивни за нив а тоа се: бутици, ресторани, базени, автошколи, книжарници, фотокопирници, агенции за услужни дејности, фитнес центри и др.

 

Ве очекуваме и Ви ветуваме добра забава!

Leave a comment