На 15 април во салата за пинг – понг „Партизан“ се одржа натпревар по пинг - понг во организација на младинската организација на СОЕПТУ Кузман Јосифоски и Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО. На настанот активно учествуваа 28 ученици од сите средни општински училишта и на најдобрите им беа доделени дипломи за освоено I, II и III место.
На 18 и 19 април во Спортската арена „Сонце“ се одржа Хуманитарен турнир во фудбал и кошарка во организација на младинските организации на СОУ Ѓорче Петров, СОУ Гимназија Мирче Ацев и Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА. На турнирот во фудбал се одиграа девет натпревари меѓу тимовите од сите средни училишта. Трето пласиран е фудбалскиот тим на СОУ Орде Чопела, второ место освои фудбалскиот тим на СОЕПТУ Кузман Јосифоски Питу, а прво место освои фудбалскиот тим од СОУ Ѓорче Петров. На турнирот во кошарка трето пласиран е тимот на СОУ Ристе Ристески Ричко, второ пласиран е кошаркарскиот тим на СОУ Гимназија Мирче Ацев, а прво место освои кошаркарскиот тим на СОУ Ѓорче Петров.
Исто така во женската кошаркарска лига прво место освоија СОУ Гимназија Мирче Ацев, а второ место освоија СОУ Ѓорче Петров.
Доделувањето на наградите го поддржа општина Прилеп и Градоначалникот Марјан Ристески кој присуствуваше на овој турнир и заедно со професорите по спортски активности од средните општински училишта одиграа пријателски натпревар со победниците од фудбалската лига односно тимот на СОУ Ѓорче Петров.
Овие настани имаа и хуманитарен карактер со цел помагање на малата Наташа Николоска од Прилеп, која има само 6 и пол години, поради нејзината ретка болест, сеуште не можи да оди и да зборува.