На 15 април во салата за пинг – понг „Партизан“ се одржа натпреварот по пинг - понг во организација на младинската организација на СОЕПТУ Кузман Јосифоски и Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА по повод одбележување на 17 април - Европски ден на младинското информирање. На настанот активно учествуваа 28 ученици од сите средни општински училишта и на најдобрите им беа доделени дипломи за освоено I, II и III место.
Од женската категорија:
- Екатерина Багеска од СОЕПТУ Кузман Јосифоски Питу освои прво место на натпреварот по пинг – понг.
- Александра Рувческа од СОУ Гимназија Мирче Ацев освои второ место на натпреварот по пинг – понг.
- Маријана Димоска од СОЕПТУ Кузман Јосифоски Питу освои трето место на натпреварот по пинг – понг.