Во првиот дел на настанот беше дискутирано за користењето на интернационализмите, скратениците и останатите отстапувања од основите на македонскиот литературен јазик на интернет, во медиумите и воопшто кај младите во секојдневниот живот. Исто така, беше дискутирано за формите и начините што треба да се преземат со цел спречување на оваа појава и зачувување на Македонкиот Јазик во целост.
Во вториот дел беа доделени три благодарници за учество и за освоено 1, 2 и 3 место за најдобар есеј на тема „Мајчин Јазик“ на учениците во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“ Прилеп. Наградени беа Сара Маркоска - за освоено 1 место, Ирма Хајрадиновиќ – за освоено 2 место и Лина Смуткоска – за освоено 3 место.