На 31 август 2010 година во просториите на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФОСЕГА се одржа состанок со директорите од  средните општински училишта во Прилеп на тема “Соработка на МИСЦ со средните училишта од општина Прилеп во полето на младинско информирање и едукација”. На средбата беа поканети директори од следните средни училишта: СОЕПТУ ,,Кузман Јосифоски- Питу”, СОУ Гимназија ,,Мирче Ацев”, СОУ ,,Ѓорче Петров”, СОУ ,,Ристе Ристески Ричко”, СОУ ,,Орде Чопела” и Советникот за образование од Локална Самоуправа Прилеп.

 

 

На дискусијата се разговараше за одржување на презентации, едукации и обуки кои треба да ги испорачува тимот на ИНФО СЕГА во средните училишта. Беше поддржана идејата во секое училиште да се одржат едукации од следните области: обуки за тренери за врсничка едукација за сексуално и репродуктивно здравје и планирање на семејство, превенција од ХИВ СИДА, едукации за подигнување на свеста за ризиците од алкохол, пушење и дрога кај младите и едукации за граѓанско образование.

Leave a comment