Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 76050

На 13 јули во периодот од 12:00 до 15:00 часот, Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА одржа ИНФО ДЕН одржа директни средби со матурантите од гимназијата Мирче Ацев и средното Економско училиште Кузман Јосифоски Питу во Прилеп.

Целта на овој настан беше да се информираат матурантите за сите државни и приватни факултети во Македонија и за тековните стипендии кај нас и во странство. На настанот беа поделени голем број на флаери и промотивни  материјали, преку разговор со матурантите беше забележлив големиот интерес за продолжување на своето образование на факултетите во Македонија.

 

 

Тимот на ИНФО СЕГА беше таму да им даде целосна поддршка и да ги информира средношколците за услугите на центарот и за бесплатни курсеви по англиски и француски јазик кои ќе се организираат во текот на летото.

Leave a comment