На 24 јуни 2010 година со почеток во 12 часот се одржа првата средба од циклусот “Денови на младинско информирање“. На настанот присуствуваа подмладоците на политичките партии во Прилеп.

Со кратка презентација беа претставени основните цели на ИНФО СЕГА центарот, услугите и информациите кои ги нуди за младите од општина Прилеп.

 

Потоа, беше отворена дискусија на која беше разговарано за реалните потреби на младите во општина Прилеп; подобрување и проширување на услугите кои центарот ги нуди и промовирање на центарот со цел поголема информираност на младите. На дискусијата беа предложени нови идеи за работа на ИНФО СЕГА.

Гостите имаа можност да се запознаат со тимот кој работи во ИНФО СЕГА и да се информираат подетално за сите услуги кои ги нуди.

 

Во текот на следната недела ќе бидат организирани средби со невладини организации од Општина Прилеп и со претставници на институциите кои работат со млади.

Leave a comment