Акцијата беше спроведена од страна на локалните волонтери на Младински Совет Прилеп заедно со учениците и нивните наставници креираа дел од градината која потоа ќе ја користи градинарската секција на училиштето. На акцијата и претходеа и панел дискуција во Општина Прилеп, инфоден и едукативна работилница со ЕВС/ЕСК волонтери и волонтери од Peace Corps North Macedonia.
Волонтерите кои беа дел од акцијата направија и видео кое можете да го погледнете на следниот линк.
Кампањата има за ЦЕЛ да ја подобри опкружувачката околина за волонтирање во нашата земја.
Преку кампањата и предвидените активности ќе се влијае на подигнување на свеста кај младите за волонтирање преку нивно вклучување во конкретни волонтерски локални акции.
Останете во тек следуваат останатите 3 акции во различни градови во нашата држава!