На 20 септември, во дворот на Специјалното основно училиште „Д-р Златан Сремец“ во Скопје се одржа волонтерска акција од страна на Волонтерскиот центар Скопје.

Акцијата се одвиваше како дел од кампањата #ВолонтирајИнспирирај! имплементиран од Коалицијата СЕГА на национално ниво заедно со нејзините пет локални партнерорганизации.

Акцијата ја спроведоа локалните волонтери на Волонтерскиот центар Скопје каде заедно со учениците и нивните наставници создадоа дел од градината што потоа ќе ја користи делот за градинарство на училиштето. Акцијата претходеше на панел дискусија во Општина Кисела Вода, информативна и едукативна работилница со волонтери на ЕВС / ЕСК и волонтери на Мировниот корпус во Северна Македонија.

Кампањата има за цел подобрување на околината за волонтирање во нашата држава.

Кампањата и предвидените активности ќе влијаат на подигање на свеста кај младите за волонтирање преку нивно вклучување во специфични локални активности на волонтирање.

Бидете во тек со следниве 4 активности во различни градови во нашата држава!

Leave a comment