На работилницата учениците се запознаа со различните форми на владеење и општествено уредување: демократија, монархија, анархија, комунизам, тоталитаризам и др. Преку разни активности учениците ги дефинираа овие поими, се запознаа со карактеристиките на секоја од формите на владеење и дискутираа за позитивните и негативните страни. Потоа, преку квиз одговара на прашања поврзани со демократијата.
Одбележувањето на меѓународните денови е можност да се едуцираат младите и да се покренат прашања за решавање на некои глобални проблеми.