Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 79833

Младинскиот информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА заедно со Младински Совет Прилеп и своите локални волонтери, денес одржаа Хуманитарната акција по повод Светскиот хуманитарен ден.

 

Целта беше да собереме школски прибор или парични средства со кои би го купиле истиот, за подоцна да ги донираме истите во Центар кој работи со мали дечиња и има потреба од сите нас!

Штандот беше поставен во близина на Саат Кулата во Прилеп, од 10 и 30 до 13 часот.

Благодарност до сите хумани лица кои денес не посетија и донираа!

Секоја година на 19 август, Светскиот ден на хуманитарноста е насочен кон почитување на хуманитарните напори ширум светот и пропагирање на идејата за поддршка на луѓето во криза. На овој ден, се залагаме во име на целата хуманитарна заедница.

Leave a comment