Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 79833

Во периодот од 25 јули до 3 август се одржа младинска размена во Бад Бланкенбург и Ерфурт, Германија во рамките на проектот CODE aBc (Courage to Оpen Doors of Europe / attention, Be curious).

На размената имаше вкупно 30 учесници, од кои 8 млади на возраст од 14 до 18 години и 2 тим-лидери од Македонија.

На размената учесниците беа дел од работилници на следните теми: Интеркултурно учење, Дискриминација и Човекови права. Покрај креативните работилници, учесниците имаа екскурзии, посета на младинските центри во Бад Бланкенбург и во Ерфурт и други активности како веслање, цртање графити, дизајнирање облекаи разгледување на пoмалку познатите делови на Ерфурт.

Целта на овој проект е преку активно вклучување во работилници и дискусии младите да ги отворат своите срца, глави и раце, односно да ги прошират своите перспективи, да го надминат границите и разликите, да ја искоренат дискриминацијата и да ги почитуваат човековите права.

 

C.O.D.E. aBc е долгорочен проект (2019/2020) во кој се влкучени Коалиција на младински организации СЕГА,  Landesjugendwerk der AWO Thüringen од Германија и Maison Pour Tous Leo Lagrange од Франција.

Leave a comment