На саемот за промоции на бизнис компании и граѓански организации кој се организира во рамките на кампот, преставниците на СЕГА и ИНФО СЕГА ги промовираа услугите за млади на учесничките на кампот и одговараа на прашањата кои беа поставувани.
Покрај проектите на Коалиција СЕГА, промовирани беа и услугите кои ги нуди Младинскиот информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА, се промовираше официјалната веб страна и побаравме од девојките идеи и совети за тоа како би можеле да ја подобриме нашата работа во полето на онлајн информирање. Истовремено, волонтерите од Турција и Франција ја промовираа Еразмус + програмата и Европскиот волонтерски сервис.
На настанот се направи и промоција на Националната кампања на Коалиција СЕГА која е креирана во рамките на одбележувањето на 15 годишниот јубилеј од постоењето. Националната Кампања под мотото „ВОЛОНТИРАЈ за доброто на твојата заедница! ИНСПИРИРАЈ ги младите околу тебе!“ има за ЦЕЛ да ја подобри опкружувачката околина за волонтирање на младите во нашата земја.
Благодарност до организаторите за поканата за нашето учество и квалитетно поминатото време со девојките од кампот.
Кампот GLOW се одржува во организација на Младинската Асоцијација ИМКАод Битола во соработка со Мировниот Корпус.
Мисијата на ИМКА и на овој камп е оспособување на младите луѓе и развивање на вродениот потенцијал кој тие го поседуваат преку обезбедување на вештини и знаења неопходни за да станат активни лидери во нивните средини. Ова се прави преку искуствено образование кое промовира разноликост, гради академски и социјални вештини кај младите. Програмата се темели на спој на неформалното образование и едукација на отворено.