На Летниот камп имаше учесници од Македонија, Турција, Србија, Хрватска, Русија, Полска, Молдавија, Украина и Швајцарија.
Учесниците беа дел од обуката следните теми: Security and freedom,Critical use of media, No borders, no nation, People from places, Global challenges и Mosquito activists. Покрај овие теми, децата имаа можност да креираат свои работилници на теми по сопствен избор.
Освен работилниците, децата се забавуваа и учеа преку други разни активности, како што беше Treasure Hunt во Цирих. Сите учесници од кампот беа поделени во групи и имаа зададени задачи што требаше да ги извршат низ Цирих. Преку овие активности учесниците истражија повеќе делови низ Цирих и научија за историјата на градот. Исто така, учесниците имаа и Интернационална вечер каде што ја претставуваа својата земја, храна и култура.
Дел од учесниците креираа весник кој се состоеше од разни вести за настани коишто се случиле за време на кампот, а други учесници беа дел од радио емисиите. Покрај ова, децата се забавуваа и преку Holi Festival of Colours и Trash percussion workshopи свиреа во ритамот на салса.
По завршувањето на кампот, задача на учесниците е да ги спроведат акционите планови што ги подготвија за време на кампот во своите училишта, со цел да ги пренесат знаењата на своите врсници.
Летниот камп е дел од проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“, кој го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА со поддршка на Детската фондација Песталоци.