На оваа интеркултурна размена учествуваа 40 ученици од 5 средни училишта од Прилеп, Струга, Охрид, Штип и Гостивар, заедно со 5 супервизори и 1 координатор.
За време на размена преку интензивна и интерактивна обука, учесниците имаа можност да ги надградат своите знаења од областа на антидискриминација, детски права, идентитет, но исто така и да го зголемат личниот развој и тимската работа.
Освен обуката, учесниците исто така имаа можност да се дружат со своите колеги од Полска и Украина, да споделат дел од својата култура и да создадат своја радио емисија.
Еден ден учествуваа во радио-програмата и на крајот на размената направија акциони планови кои треба да се спроведат со нивното враќање во своите градови.