Целта на оваа работилница беше да се поттикне креативноста на учениците и да се изработат најразлични креативни дела.
Сите ученици беа посветени на работата и покрај нивната возраст не се чувствуваше никаква бариера при изразување на својата кретивност.
Голема благодарност до наставничката Светлана Златеска и до училиштето кои ја дадоа својата поддршка при реализирањето на оваа работилница.
Ни претставува задоволство да работиме со вредни и посветени ученици како тие што присуствуваа на нашите работилници.
Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА од Прилеп и понатаму ќе продолжи со реализирање на ваков вид креативни работилници.