Настанот е во рамки на проектот „Преку спорт до подобар соживот“ кој е дел од Регионалната програма за Локална демократија на Западен Балкан ReLOaD, финансирана од Европска Унија ЕУ, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите Нации УНДП.
Целта на овие турнири е преку спорт да се зајакне социјалната инклузија и да се покажат можностите и важноста на лицата со попреченост во Општина Кавадарци.
На овој турнир земаа учество десет лица со попреченост и десет лица без попреченост.
Првото место го освои Михајло Михајлов, второто место Цанде Ѓелов,и третото Сашо Мошев.
Повеќе фотографии од настанот можете да проследите на следниов линк.