На настанот присуствуваа сите партнери вклучени во проектот од Европската Унија и Западен Балкан, со цел координирање за успешно имплементирање на активностите и остварување на резултатите од проектот. Партнерите на овој тридневен состанок се запознаа едни со други, се вклучија во вежби за градење тим, дискутираа за методологии и ангажирање на заедницата на локално, регионално, национално и меѓународно ниво, со цел максимално влијание на проектот.
Проектот „IMPACT – Inclusion Matters! using Performing Arts towards Cohesion and Tolerance“ е со цел да се поттикне социјалното вклучување преку развивање на уметнички стратегии, техники и методологии кои се насочени кон бегалци и граѓани на локално ниво. Овој проект ќе придонесе за поттикнување на социјалната инклузија преку промовирање на активно учество, кохезија, толеранција и почитување на човековите права.
Проектот IMPACT е имплементиран од VIFIN - Центар за интеграција во соработка со АЛДА, Коалиција на младински организации СЕГА, La Piccionaia - Центар за театарска продукција, ЛДА Црна Гора, ЛДА Мостар, Здружение за развој на волонтерска работа Ново Место (DRPDNM) и Центар за урбан развој поддржан од програмата Еразмус + на Европската Унија.