Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 79833

По повод Меѓународниот ден на спортот (6 април), Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА - Прилеп заедно со дечињата и наставниците од ООУ„Рампо Левката“ - Прилеп, одржа работилница во просторите на училиштето.

 

Стигнавме во спортската сала, се запознавме со дечињата и им кажавме дека треба да се забавуваме и да играме игри.

Целта на оваа работилница беше децата да бидат активни, да се забавуваат и да трчаат.

     

 

Игравме најразлични игри, „Tic-Tac toe“, подавање на топка и ја туркавме кулата од кутии со топче. Нашите ЕВС волонтери ни помогнаа во подготовките на работилницата, заедно со нашата волонтерка од Peace Corps America. Се забавувавме и се дружевме.

Голема благодарност до Директорката на училиштето, наставникот Кире по физичко образование и одделенскиот наставник Бисера Вишиноска.

Можете да видите дел од атмосферата во салата на следниот линк.

Leave a comment