На работилницата, учесниците преку интересни методи и игри се запознаа со видовите насилство и малтретирање, статистики, предупредувачки знаци, штетните ефекти и превенција на насилството. Работилницата ја подготвија нашите волонтерки од Америка и Турција. На почетокот, преку Kahoot квиз, учесниците се запознаа со интересни факти и статистики значајни за оваа тема, а потоа преку презентации и видеа научија во какви форми може да се појави насилството и што можеме да направиме за да им помогнеме на учениците што сe малтретирани.
Целта на работилницата беше учесниците да научат да го препознаваат насилството, да научат како да реагираат ако некој ги малтретира или ако се сведоци на ситуција на спроведување насилство и какви мерки да преземат за да го спречат.