Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 79833

На 7.3.2019 година, Младинскиот информативен и советодавен Центар ИНФО СЕГА заедно со Младински Совет Прилеп и ЕВС волонтерите од Франција одржаа креативна работилница во ООУ Климент Охридски по повод Прочка.

 

На работилницата учениците изработуваа маски за Прочка, цртаа, креираа, играа игри, се дружеа, учеа и се забавуваа. Младинскиот информативен и советодавен Центар ИНФО СЕГА им се заблагодарува на учениците за нивното несебично гостопримство и отвореност за соработка, а посебна благодарност до наставничката Светлана Златеска.

Младинскиот информативен и советодавен Центар ИНФО СЕГА и Младински совет Прилеп заедно со локалните и ЕВС волонтерите ќе продолжат со спроведување на креативни работилници во сите основни училишта во Прилеп.

Leave a comment