На работилницата учениците изработуваа честитки со мотиви за Денот на жената, пишуваа пораки, играа игри, се дружеа, учеа и се забавуваа. Младинскиот информативен и советодавен центар и Младински Совет Прилеп им се заблагодаруваат на учениците за нивното несебично гостопримство и отвореност за соработка, а посебна благодарност до наставничките Николина Николоска, Мариче Кусибојоска и Ирена Наумоска.
Младински информативен и советодавен центар и Младински совет – Прилеп заедно со локалните и ЕВС волонтерите ќе продолжат со спроведување на креативни работилници во сите основни училишта во Прилеп.