На 13 февруари во просториите на Младински информативен центар ИНФО СЕГА Кавадарци се одржа едукативна работилница на тема „Предрасуди и стереотипи“. 



На работилницата учествуваа малди од Гимназија „Добри Даскалов“ и преку разни интерактивни активности имаа можност да разговараат и да работат на повеќе работи поврзани со Дискриминација, предрасуди и стереотипи. 


Оваа работилница беше прва од програмата на едукативни работилници на ИНФО СЕГА каде што секоја недела ќе се одржува по една едукативна работилница на одредена тема. 

Сите фотографии од работилницата може да ги најдете на следниот линк. 

Leave a comment