Ние Младинскиот Информативен центар „ ИНФО СЕГА“ од Кавадарци и „Прогресс Плус“ во соработка со Совет на млади од Општина Кавадарци и Училишната заедница од СОУ „Добри Даскалов“ во Кавадарици започнавме со спроведување на проектот „Вклучи се и ти заедно да сме активни“.
Преку овој проект пробавме да ги доближеме младите до механизмите за младинско учество во процесот на донесување на одлуки.
Проектот се состои од 3 фази.
Првата фаза беше тридневна обука за млади обучувачи спроведена во Дојран каде обучивме 8 млади локални волонтери на „Прогрес плус“, Младинскиот информативен центар „ИНФО СЕГА“ од Кавадарци и членови на Совет на млади . Четирите механизми на кои работевме активно беа токму Училишна заедница, Совет на млади, Врсничка едукација и Волонтерство. На оваа обука се изработи модул за едукативни работилници кои ќе се одржат од страна на самите волонтери во втората фаза од проектот пришто се користи еден од механизмите Врсничка едукација.
Во втората фаза ќе се опфатат 300 млади од средните училишта во Кавадарци кои ќе бидат обучени на тема Совет на Млади и Училишен Парламент. .
Третата фаза е отворен ден во центарот на градот каде Училишната заедница и Советот на млади ќе имаат можност да ја престават својата цел и мисија на сите заинтересрани млади од Општина Кавадарци. Овој ден ќе се искористи за размена на нови идеи и препораки во врска со подобрувањето на општата состојба на младите во Кавадарци.
Проектот „Вклучи се и ти заедно да сме активни“ е дел од „Локален фонд за млади” кој претставува фонд кој го обезбедува „АЛДА“ Скопје во рамките на проектот „Регионална платформа за младинско учество и дијалог на Балканот“, со цел подршка на локалните иницијативи, неформални младински групи и младински здруженија во општина Центар и општина Кавадарци.
Основната цел на овој повик за предлог проекти е да се подобри учеството и вклученоста на младите на локално ниво и да се придонесе за создавање на средина за вклучување и активирање на младите во локалните заедници во земјите од Западен Балкан. Оваа година, темата на сите активности е: Образование за активно граѓанско учество наменето за младински групи.
Сите фотографии од работилницата можете да ги проследите на следниот линк !