Волонтерите од Полска и Франција беа многу задоволни од активностите во кои ги вклучивме, заедно со нашите волонтери од Франција и Бугарија работеа на активностите кои ни беа предвидени за тој ден, Пол и Антоин одржаа час по Француски јазик, сите заедно работеа на подготвка на активностите за Language cafe, заедно наравивме прошетка низ старата Прилепска чаршија, а во доцните попладневни часови ни помогнаа да реализираме уште еден успешен настан - Language cafe во Арт кафе. Паулина, Антоин, Пол и Велин заедно направија одлична атмосфера, ги изработија сите предвидени игри и активности, разговараа со присутните, ги учеа зборови на нивниот јазик, а истовремено ги запознаа со нивната култура од земјите од кои доаѓаат, а сето тоа проследено со добра музика и свежо приготвено кафе.
На крајот на денот, се разделивме со прекрасни спомени од одличното дружење и ги поканивме повторно да бидат наши гости во Прилеп.
Се надеваме на уште многу вакви прекрасни средби во Прилеп или Скопје, а воедно им се заблагодаруваме нив и на Волонтерски Центар Скопје за одличната соработка.
До следното видување,
Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА
Младински Совет Прилеп