Целта на овие работилници беше да се изработат најразлични креативни дела и честитки кои подоцна учениците ќе ги продаваат на панаѓурите кои ги организираат училиштата по повод верскиот празник.
Учениците работеа поделени во групи, па низ песна и игра и покрај нивната возраст не чувствуваа никакви бариери при изразување на својата креативност и посветеност.
Голема благодарност и до наставничките од двете основни училишта кои ја дадоа својата поддршка при реализирањето на овие работилници.
Ни претставува задоволство да работиме со вредни и посветени ученици како тие што присуствуваа на нашите работилници.
Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА од Прилеп и понатаму ќе продолжи со реализирање на ваков вид креативни работилници.