На оваа обука учествуваа претставници од Младинските Информативни Центри „ИНФО СЕГА“ Кавадарци и Прилеп, Коалиција на младински организации СЕГА и други младински организации од Македонија кои работат на полето на млади и младинско информирање.
Целта на оваа обука е да се обучат младинските работници да испорачуваат комплетен почетен модул за идни младински работници, претставници од организации и институции кои работат со млади.
Обуката завршува во петок, 23.02.2018година.
"First step to become a youth worker" се спроведува со поддршка од програмата за децентрализација соработка со регионот Нормандија – Франција и Македонија.