По повод верскиот празник, Прочка, денес, 16-ти февруари 2018 година, волонтерите и тимот на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар – Инфо СЕГА и Младински Совет Прилеп, одржаа работилница во ООУ „Гоце Делчев“.
На работилницата присуствуваа 27 ученици од второ одделение, кои заедно со нивниот одделенски раководител, Даниела Котеска и волонтерите, изработија маски за претстојниот карневал.
Тимот на Инфо СЕГА ќе продолжи со спроведување на работилници на најразлични теми во училиштето.