На работилницата присуствуваа 19 ученици од шесто одделение, кои заедно со нивната професорка по француски јазик, Ирена Наумоска и волонтерите, изработија картички и подароци, и пишуваа споменки на неколку јазици.
Целта на работилницата беше да им се претстави на учениците од основното училиште како се слави денот на вљубените во државите од каде што се волонтерите.
Тимот на Инфо СЕГА ќе продолжи со спроведување на работилници на најразлични теми во училиштето.