Денес во Младински Информативен Центар „ИНФО СЕГА“ Кавадарци се одржа првата креативна работилница по повод Нова Година.

 Младите кои учествуваа на работилницата имаа можност на креативен начин да  изработат новогодишни честитки и новогодишни украси за своите најмили, со помош на нашите волонтери Ерди, Шарлин и Цезар.

Младински Информативен Центар „ИНФО СЕГА“ продолжува со креативните работилници до крајот на 2017 година!

Наредната работилница ќе се одржи на 22.12.2017 (петок) со почеток во 12:00 часот во просториите на ИНФО СЕГА (кај првиот триаголник).
Ве очекуваме!!!

Повеќе слики од оваа работилница може да најдете на следниот линк.

Leave a comment