Урбанизирањето на просторот околу Прилепското езеро е идеја која егзистира во овие неколку години, но сеуште не е имплементирана. Младите кои учествуваа на едукативните работилници за користење на алатката ОПИН апелираа дека околината околу езерото е простор кој треба да биде уреден и да преставува атрактивен рекреативен центар за локалното население, но и атрактивен туристички центар.
Вештачкото езеро во Прилеп во летната сезона, секојдневно е посетено од најмалку 50-тина велосипедисти, како и локални граѓани кои одат на излет, спортуваат, пешачат итн. Идеи од младите за уредување на просторот околку Вештачкото езеро во Прилеп се:
Обележување на велосипедски патеки и патеки за трчање околку езерото каде младите и граѓаните ќе можат да се рекреираат;
Отварање на тениско игралиште околку вештачкото езеро во Прилеп:
Поставување на корпи за отпадоци, клупи, летниковци и друга урбана опрема;
Реновирање на хотелот;
Да се подобри инфраструктурата / патот до езерото.
Во исто време, со урбанизирањето на просторот околку Вештачкото езеро ќе се подобри и квалитетот на водата во езерото, со што ќе се подобри квалитетот на самата околина.
Коалиција на младински организации СЕГА од 01 април до 01 декември 2017 година го спроведува проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ чија цел е покренување на свеста за важноста на е-учеството на младите. Проектот предвидува серија на активности, промотивни настани, едукативни работилници за младите во Прилеп и разни алатки за поттикнување на младинското е-учество преку пишување на иницијативи кои подоцна ќе бидат доставени до Совет на млади во Прилеп и до Локална Самоуправа Прилеп. Под слоганот „Кликни, предложи и учествувај!“ ги покануваме младите да се вклучат, да ги напишат своите идеи, да коментираат на нив, да лајкуваат и најдобрите да се реализираат! Проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ е поддржан од OPIN платформата преку програмата "EUth - Tools and Tips for Mobile and Digital Youth Participation in and across Europe”.