Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 76050

Прилеп е еден од најубавите градови во Македонија, и тоа не е само затоа што е помеѓу топ четири места, туку неговата архитектура го покажува тоа.

Има многу места во Прилеп на кои им е потребно реновирање, но најзначајни се старите градби. Имено, архитектурата на стариот град би можела да се објасни со спецификациите на Македонската култура. Кога туристи ќе го посетат стариот град ќе наидат на црвените покриви по куќите, градините полни со мали цвеќиња и црвениот пипер кој се суши на покривите.

Добро е да го почитуваме минатото кое е зад нас, но најважно од се' е да носиме промени во животот кон подобро. Ние предлагаме да се обојат и реновираат фасадите на Старата чаршија во Прилеп.

Оваа промена би нѝ донела подобар град, модернизирање и грижа за местото каде што пораснавме. Ајде да се вклучиме во овој процес на промени заедно. И секако, да се восхитуваме на главниот производ заедно.

 

Коалиција на младински организации СЕГА од 01 април до 01 декември 2017 година го спроведува проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ чија цел е покренување на свеста за важноста на е-учеството на младите. Проектот предвидува серија на активности, промотивни настани, едукативни работилници за младите во Прилеп и разни алатки за поттикнување на младинското е-учество преку пишување на иницијативи кои подоцна ќе бидат доставени до Совет на млади во Прилеп и до Локална Самоуправа Прилеп. Под слоганот „Кликни, предложи и учествувај!“ ги покануваме младите да се вклучат, да ги напишат своите идеи, да коментираат на нив, да лајкуваат и најдобрите да се реализираат! Проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ е поддржан од OPIN платформата преку програмата "EUth - Tools and Tips for Mobile and Digital Youth Participation in and across Europe”.

Leave a comment