Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 76050

Реновирањето на главниот булевар Гоце Делчев во Прилеп би овозможило намалување на сообраќајниот метеж.

Реновирањето би се засновало на добивање велосипедски патеки. Уште едно изненадување, би било доволно местото за пешаците да се чувствуваат побезбедно. Булеварот би станал пожив, зеленило насекаде, и „Гоце Делчев“  би прераснал во булевар кој би припаѓал на луѓето.

На булеварот би имало многу барови, хотели кои би помогнале ова место да биде поатрактивно за туристите да го посетат Прилеп. Туристите би имале добар поглед на булеварот, особено навечер, каде се случува се' што Прилеп може да понуди. Би можело да се постават велосипедски патеки од двете страни на булеварот, помеѓу паркинг просторот и зоната за пешачење.

Како заклучок, главната улица во Прилеп би била по атрактивна со поставување на велосипедски патеки и пешачки зони. Исто така би ги вратил вљубениците во велосипедизмот, но и би ги променил старите навики на луѓето кои вообичаено ги употребуваат автомобилите во замена за велосипеди кои создаваат нула количество на јаглероден диоксид.

 

Коалиција на младински организации СЕГА од 01 април до 01 декември 2017 година го спроведува проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ чија цел е покренување на свеста за важноста на е-учеството на младите. Проектот предвидува серија на активности, промотивни настани, едукативни работилници за младите во Прилеп и разни алатки за поттикнување на младинското е-учество преку пишување на иницијативи кои подоцна ќе бидат доставени до Совет на млади во Прилеп и до Локална Самоуправа Прилеп. Под слоганот „Кликни, предложи и учествувај!“ ги покануваме младите да се вклучат, да ги напишат своите идеи, да коментираат на нив, да лајкуваат и најдобрите да се реализираат! Проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ е поддржан од OPIN платформата преку програмата "EUth - Tools and Tips for Mobile and Digital Youth Participation in and across Europe”.

Leave a comment