Младите доставија вкупно 19 предлози/ иницијативи на ОПИН, алатката за е-учество од кои најдобрите пет беа предадени на претставникот од општина Прилеп во форма на позициски документ кој треба да биде разгледан на седниците на Советот на општина Прилеп.
На настанот присуствува претставници на Локалната самоуправа на општина Прилеп, претставници на Советот на млади на општина Прилеп, претставници на граѓански организации и млади од средните општински училишта од Прилеп.
Преку кампањата „Кликни, предложи и учествувај!” голем број на млади имаа можност да учествуваат на промотивни настани, ИНФО денови, едукативни работилници за е-младинско учество и алатката ОПИН, преку кои тие се запознаа со поимот е-младинско учество и имаа можност да предлагаат идеи за подобрување на животот во Прилеп.
СЕГА од март до декември 2017 година го спроведува проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ (Гласот на младите од Прилеп преку електронско учество) во партнерство со Европската Агенција за Младинско Информирање и Советување и во соработка со Совет на млади на општина Прилеп. Проектот има за целзголемување на младинското е-учество во процесот на донесување на одлуки во Општина Прилеп.