Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 76050

Во петок , 10 ноември 2017 година, со почеток во 10.00 часот во Мултимедијалната сала во Библиотеката Борка Талески – Прилеп ќе се одржи завршен настан од проектот „Гласот на младите од Прилеп преку електронско младинско учество“.

 

 

Целта на настанот е да се презентираат предлозите / иницијативите на младите за подобрување на условите за живот во заедницата добиени преку алатката за е-младинско учество ОПИН. На настанот ќе учествуваат претставници на Советот на млади на општина Прилеп, претставници на граѓански организации и млади од средните општински училишта од Прилеп.

СЕГА од март до декември 2017 година го спроведува проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ (Гласот на младите од Прилеп преку електронско учество) во партнерство со Европската Агенција за Младинско Информирање и Советување и во соработка со Совет на млади на општина Прилеп. Проектот има за целзголемување на младинското е-учество во процесот на донесување на одлуки во Општина Прилеп.

 

Преку кампањата „Кликни, предложи и учествувај!”  голем број на млади имаа можност да учествуваат на промотивни настани, ИНФО денови, едукативни работилници за е-младинско учество и алатката ОПИН, преку кои тие се запознаа со поимот е-младинско учество и имаа можност да предлагаат идеи за подобрување на животот во Прилеп. Младите доставија вкупно 19 идеи / иницијативи за подобрување на условите за живот на младите во Прилеп кои ќе бидат презентирани на завршниот настан.

Leave a comment