Беа објаснети причините поради коишто младите луѓе не се одлучуваат и се плашат да бидат претприемачи.
Исто така, на работилниците им беа презентирани на учениците корисни алатки од Еразмус програмата. Работилниците беа на англиски јазик и ги водеа волонтерите од Младинскиот Инфо Центар.
За да бидат што поуспешни работилниците, претставник од Инфо Центарот од Прилеп им помагаше на волонтерите и учениците при преводот и објаснувањето.
Учениците покажаа голем интерес и учествуваа активно во работилниците.