Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА Прилеп во теков на претходната недела направи работилница со деца и возрасни со попреченот од центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА, Прилеп, како резултат на последната интеркултурна размена во детското село Песталоци, Троген- Швајцарија, во склоп на проектот „Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија“-Песталоци.

 

Центарот ПОРАКА претставува граѓанска, родителска, непрофитабилна и невладина организација . Тој е поддршка за родителите на лицата со интелектуална попреченост и одлична форма на вонинституционална заштита и згрижување на овие лица. Нивниот ден е исполнет со значајни содржини и програма која ќе им помага секој ден да ги унапредуваат своите вештини и да се снаоѓаат во секојдневниот живот.

 

На работилницата учествуваа претставник на ИНФО СЕГА, со средношколци од Гимназијата „Мирче Ацев“ и СОУ „Орде Чопела“- Прилеп, заедно со децата од ПОРАКА и нивните дефектолози. На работилницата преку игра и интеракција беа претставени дел од правата на човекот и децата. 

          

Leave a comment